Баба

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892564

Година на издавање: 2021

Број на страници: 252

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Новиот роман Баба на Луан Старова, прозаист со големо меѓународно реноме и бездруго еден од најзначајните книжевни автори како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата.

За Луан Старова, инспириран од ликот на неговата баба Хазбије ан’м, жената – или ако сакате: Жената! – е единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации, одгатка и средиште на мистеријата која филозофот на културата Х. Г. Гадамер ја означи со синтагмата „фузија на хоризонтите“.

Со тоа е даден и одговор на прашањето што си го поставува Хазбије: нејзиниот свет, нејзината татковина е светот што таа овозможи да се создаде, светот што без неа никогаш не ќе беше можен, светот во кој се сочувани и нераскинливо поврзани во вистинска фузија на хоризонти нејзините светови!

Ферид Мухиќ

luan-starova

Луан Старова

Луан Старова во книжевноста се пројавува во својата дваесетта година. Пишува на македонски, албански и француски јазик. Во 1974 г. магистрирал и докторирал на Универзитетот во Загреб, а специјализир...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил