Како да владеете со себе

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Ние сме она што ќе го направиме од себе, а не она што судбината ќе го направи од нас.

Можеме ли да си помогнеме самите себеси? Емил Куе во оваа книга уверливо го потврдува одговорот. Низ многу индивидуални примери извлечени од своето богато истражувачко и клиничко искуство, Куе на јасен и едноставен начин, без непотребно теоретизирање, го толкува својот метод за свесно користење на автосугестијата.

Автосугестијата е најдоброто и најевтиното средство што им е достапно на сите, а многумина не знаат да го искористат. Таа е моќ што секој човек ја добива со раѓањето и може неограничено да ја користи за остварување на сè што ќе посака.

Ако знаете како свесно да ја употребувате, можете да избегнете лоши околности и да предизвикате добри. Особено е корисна за обновување на физичкото и за поткрепа на психичкото здравје на луѓето кои се жртви на погрешна (авто)сугестија. Ќе ви го покаже вистинскиот пат, дури и ако сте склони кон погрешниот. Оваа класика за самопомош во себе содржи и една скриена порака – за моќта на надежта и позитивната мисла, за вербата во човекот и неговата способност да влијае врз сопственото постоење, наместо да биде марионета во рацете на судбината.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил