Сидарта

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308319

Година на издавање: 2021

Димензии: 21см

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!

 

„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.

Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.

Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето. 

herman-hesse

Херман Хесе

Херман Хесе (1877 – 1962) е германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Познат по своите ремек-дела „Сидарта“, „Степскиот волк“, „Демијан“ и „Играта с...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил