Ако го сакаш Скопје

Издавач: БЕГЕМОТ

ISBN: 9786084869726

Број на страници: 259

Димензии: 205 x 205

Корица: softcover

На залиха
As low as 600  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Моето пишување за Скопје нема и не може да има крај. А знаете ли зошто? Затоа што неговата историја е богата, неисцрпна, бескрајна. Ако таа историја беше мала, јас одамна ќе завршев со пишување. Не можам патувањето да го завршам ни сега, а веројатно ќе има луѓе што ќе ме наследат.

Данило Коцевски

Хроничар на нашето Скопје

[…] Осамениот шетач Коцевски со овој ракопис оживува места и слики од речиси сите простори на урбаното живеење во Скопската котлина, низ различни историски периоди, во мирновременска и во воена состојба, приредувајќи му на читателот најразлични фотографски визури кон некогашните епизоди од патешествијата на местата низ кои денес чекориме, панорамски поглед над градот од минатите векови, макрофотографија врз рацете на занаетчијата, реконструкција на настанот од фотографија со карваните со камили, кои ги носат производите од Старата чаршија дури до Египет и Индија; првите организирани прошетки за запознавање со културното наследство на Скопје; премиерната претстава при отворањето на Младинскиот театар, спектакуларното надлетување на зградата кај „Југодрво“ од пилот чија љубовница живеела таму, но и поетски слики, кои ни го доловуваат некогашното гнездо на љубовта – скопскиот кеј, како во стиховите на денес заборавениот поет, Васил Икономов, од кои е извлечен насловот на изданието.

[…] Овековечени се разновременски патувачи што поминале низ него, но и денес живи градски енциклопедии, резервоари на информации и сеќавања, што ја прават книгата „Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот“ од Данило Коцевски драгоцено надоврзување на неговиот неповторлив придонес кон хрониките на градот Скопје.

Васко Марковски Поет, патеписец и туристички водич

danilo-kocevski

Данило Коцевски

Данило Коцевски (1947–2020) основно, средно и високо образование завршил во Скопје, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет. Како стипендист на Француската влада, една учебна година престојувал на...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил