Свет зад светот

Издавач: БЕГЕМОТ

ISBN: 9786084869900

Број на страници: 308

Димензии: 19

Корица: hardcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Свет зад светот“ е нова теориска книга на Лидија Капушевска-Дракулевска, тематски врзана за македонската книжевност. Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. [...] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст. [...] „Свет зад светот“ од Лидија Капушевска-Дракулевска одново ја потврдува научно-акрибичната и есеистички суптилната постапка на авторката. Капушевска-Дракулевска ги прави своите анализи со јазик и стил кои се несомнено научни, но кои, истовремено, по својата култура на изразот, исцело одговараат на уметничката материја за која станува збор.

Акад. Влада Урошевиќ

lidija-kapushevska-drakulevska

Лидија Капушевска-Дракулевска

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје. Член е на...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил