Вистини и лаги за храната

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2014

Димензии: 140Х210

Нема на залиха

Краток опис

- Дали се плашите од маснотии и висок холестерол?
- Мислите ли дека црвеното месо, јајцата и маснотиите од животинско потекло се опасни за срцето, а дека житата се здрава храна?
- Дали верувате дека ќе ослабете само ако „јадете помалку и се движите повеќе“?

Вистини и лаги за храната е книга која превртува наопаку сè што досега сме знаеле, или сме верувале дека знаеме, за влијанието на исхраната врз здравјето. Оваа книга комплетно и јасно ги опишува проблемите на модерната исхрана и нуди едноставни решенија – не само за регулација на телесната тежина туку и за подобрување на нашето здравје.

Меѓу другото, од неа ќе дознаете:
-која е човековата природна, изворна храна и што јаделе луѓето пред епидемијата на модерните болести;
-како митот за штетноста на маснотиите придонесе за развојот на модерните болести;
-дали житата се навистина здрава храна или само профитабилна храна;
-за глутенот, скриениот предизвикувач на многу болести;
-која храна нè убива, а која нè лекува;
-како да слабеете без чувство на глад и притоа да го зачувате доброто здравје;
-како да се изборите против кандидата – епидемијата на модерното време;
-кои комерцијални интереси се кријат зад официјалните прехранбени препораки;
-за подемот на прехранбената револуција.

anita-supe

Анита Шупе

Шибенчанката Анита Шупе дипломирала на отсекот за прехрана и нутриционизам на Гетеборшкиот универзитет во Шведска. Посветила многу години на проучувањето на палео– LCHF-исхраната, а од 2010 г. преку...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил