Владетелот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082302416

Година на издавање: 2014

Број на страници: 146

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Оној кој помалку се потпира на среќата, подолго се задржува на власт.

 „Владетелот“, најпознатото дело на Николо Макијавели кое се смета за втемелувач на модерната политичка наука, дава зачудувачки практична формула за успех. Рецептот за моќ образложен во 26 поглавја е релевантен и денес, во актуелните превирања на XXI век.

Владетелот мора да биде храбар и енергичен, ако е потребно дури и безобѕирен, за да може да ја постигне својата цел, пишува Макијавели. Мора да се потпира на сопствените сили, на својата војска и на народот и да ги одбегнува платениците; да не биде скржав, но не и премногу дарежлив; да се стреми попрво да се плашат од него отколку да го сакаат; мудро да ги прима добрите совети и да настојува да биде што поценет, а особено да внимава да не стане омразен и презрен од својот народ.

И по точно 510 години од нејзиното создавање, оваа безвременска лекција за владеење и денес го буди интересот, не само кај изучувачите и експертите туку и кај широката читачка публика.

niccolo-machiavelli

Николо Макијавели

Николо Макијавели (1469–1527) живее во периодот што секогаш сме наклонети да го нарекуваме доба на естетизмот, рафинираноста, лиризмот и сè друго што ја карактеризира пресветлата ренесансна уметност...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил