Во шумата

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4569-45-9

Година на издавање: 2016

Број на страници: 554

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 399  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во една летна вечер во 1984 година во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата повредено и преплашено кое не може да се сети што се случило...

По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата...

Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.

tana-french

Тана Френч

Тана Френч е роденa во 1973 година. Детството го поминала во Ирска, Италија, САД и на Малавите, а од 1990 година живее во Даблин. По професија е актерка, а подоцна почнува да се занимава со пишување...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил