Време е повторно да ги запалиме ѕвездите

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307800

Година на издавање: 2021

Број на страници: 283

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Има ѕвезди и на друго место освен на небото.

Притеснета од долговите и тинејџерските проблеми на своите ќерки, 37-годишната Ана носи брза и луда одлука – да заминат на патување во Скандинавија за да ја видат поларната светлина. По несреќниот развод, затворена во кругот на рутината, Ана сфаќа дека животот ѝ одминува исто толку брзо колку и на нејзините ќерки. 17-годишната Клое живее во соништа за иднината и постојано е во потрага по љубовта на својот живот. 12-годишната Лили, пак, е девојче кое повеќе сака да се дружи со својот глушец. Сите три се совршена комбинација. Читајќи ги нивните записи, влегуваме во внатрешниот свет на три жени, три различни гласови.

Ќе успее ли тоа патување да им го промени животот и да ја стопи далечината меѓу нив? Зашто дури и на растојание од 17.000 километри, може да се биде заедно. Само треба да се знае како.

Моментално најпознатата француска романсиерка блеснува со забавен и длабоко искрен роман за тоа како да се сакаш себеси, другите и целиот свет. „Приказна полна со емоции, хумор и нежност. Полна со живост.“

Фем актуел

virginie-grimaldi

Виржини Грималди

Виржини Грималди е современа француска авторка и блогерка, која од 2014 година е една од најчитаните француски романсиери. Родена е во 1977 година, во Жиронд, близу Бордо. Желбата за пишување била п...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил