Жената во Куранот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308432

Година на издавање: 2022

Број на страници: 204

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 280  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Еве една значајна, повеќе од добредодена, за сите потребна книга која ги отвара видиците и придонесува за разбирање и надминување на предрасудите за статусот на жената во исламот и воопшто во светот.

Книга инспирирана од искрен хуманизам, наменета не само за приврзаницате на исламот, ниту пак само за жените, или само за мажите. Непосредно, со дијалог и јасна аргументација, авторот Бенјамин Идриз покажува дека мажот нема право да ги поддржува своите неоправдани очекувања, а жената има право да се чувствува еднакво значајно.

Овој извонреден толкувач на Куранот заслужува да биде сослушан. Изложувајќи ги учењето и залагањата на Пророкот, тој ги разрешува прашањата за жените во исламот со истражување на негативните слики за нив во исламската традиција, не од академска дистанца туку низ секојдневни разговори и излагања. Зашто за Идриз и двата пола се рамноправни во духовна и морална смисла, пред Бога и пред правдата се третираат исто.

Ова е книга што има моќ да ја менува историјата.

 

benjamin-idriz

Бенјамин Идриз

Бенјамин Идриз е имам и автор познат по својот општествен активизам во Германија.

Роден е во 1972 година, во Скопје, а денес живее во Пензберг, близу Минхен. На единаесетгодишна возраст ја з...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил