Животот е роман

Издавач: ТОПЕР

ISBN: 9786082086835

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

За него, сè веќе беше напишано. За неа, сè допрва требаше да се напише.

„Еден априлски ден, мојата тригодишна ќеркичка Кери исчезна додека си игравме миженка во нашиот стан во Бруклин“.

Така почнува приказната на Флора Конвеј, славната писателка позната по тоа дека се крие од очите на јавноста. Нема објаснување за исчезнувањето на Кери: вратата и прозорците во станот се затворени, камерите поставени во старата зграда во Њујорк немаат забележано некој да провалил. Полициската истрага не дава никакви резултати.

Во исто време, на другата страна на Атлантски Океан, еден писател со скршено срце се крие меѓу ѕидовите на една стара, трошна куќа. Само тој го држи в раце решението на оваа мистерија. А Флора ќе го пронајде. Бестселер на кој му нема рамен.

Во три чина, преполн со драматични пресврти, новиот роман на Гијом Мисо е величествена приказна за моќта на книгата и за желбата за живот на неговите ликови.

guillaume-musso

Гијом Мисо

Гијом Мисо (6 јуни 1974) — француски писател. Роден е во 1974 година во францускиот град Антиб. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува романи. Неговата прва објаве...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил