Зошто страдаме

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Проблемот на злото несомнено спаѓа во редот на критичните философски енигми кои сè уште ги вознемируваат умовите на философите на религијата етичарите теолозите. На страниците на оваа книга е претставена еволуцијата на иследувањето на проблемот во aнтиката од самите зачетоци на неговото промислување па сè до зрелите и релативно подробно изнесени теории на злото кои се јавуваат во добата на хеленизмот и доцната антика. Поблиското запознавање со овој специфичен аспект на учењата на античките философи кој кулминира во делото на Плотин ќе биде од полза за историчарите на философијата за оние кои проблемот на злото го промислуваат низ призмата на современата метафизика и теологија но и за секој човек кој со љубопитен ум се судира со бурите на секојдневјето.

Иследувањето на проблемот на злото, за жал, не го ужива заслуженото внимание во нашите учени кругови. Основната цел на овој труд е да даде барем скромен придонес кон настојувањето таквата состојба да се промени, а со тоа и да претставува мал чекор напред во обидот да се изнајде одговор на прашањето „Зошто страдаме?“

 

 

viktor-ilievski

Виктор Илиевски

Obsecro te, mea vita scribere......

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил